Центарот за ортотика и протетика - Славеј бележи континуиран развој од 1950 година опслужувајќи ги притоа широко и непречено своите клиенти во полето на ортотиката и протетиката. Клучниот елемент за активно инволвирање со целосна партиципација на телесно-инвалидизираните лица во општеството е неопходноста од претходно детектирање на целокупниот корпус на проблеми што ги мачат токму нив ( телесно-инвалидизираните лица ), секојдневната непречена комуникација со нив, јавното искажување и давање сугестии во контекс на позитивна контрибуција за практично решавање на соодветните проблеми се мотивот за чекорење на овој пазар.
Можноста да се потпреш НА и да се најдеш ЗА другите се нашите показатели, за да притоа искористиме соодветен инструментариум на полезни техники и методи, да обучиме високо мотивирани и стручни кадри за работа во динамична и развојна средина, ставајќи го својот физички и интелектуален потенцијал и сета своја љубов за несебично да му помогнат на секој оној на кого му е есенцијално неопходна и нужна.
Позитивниот “feedback” од страна на нашите пациенти ни претставува дополнителен поттик да контрибуираме за работните успеси и за да им олесниме токму на нив од таа причина станавме подостапни континуирано отварајќи притоа продажни места ширум земјава обезбедувајќи врвна услуга од страна на нашиот тим поткрепена со висок квалитет и долготрајност.
Институцијата е организирана во следниве оддели:
1. Оддел за апликација:
Тоа е оддел задолжен за работа со пациенти,закажување,земање мерки, проби и предавање на помагалата, консултации со лекари и терапеути.
2. Оддел за протетика и ортотика
Задолжен за изработка на гипсани отисоци,ламинација,обликување на
термопластични материјали, изработка и завршување на помагалата.
3. Оддел за ортопедски чевли и влошки
Изработува чевли за сите видови деформации на стопало, како и растеретни
и корективни влошки.
4. Заеднички служби
- Сметководство
- Комерција
- Општи служби
Партнерство:
Со цел покривање на пазарот и приближување на компанијата кон
пациентите склучени се повеќе договори за соработка и подигнување на квалитетот на услугите меѓу кои се:
- Договор со ФЗО на Република Македонија;
- Договор со Клиника за ортопедски болести;
- Договор со Завод за физикална медицина и рехабилитација;
- Медицински центар Штип;
- Медицински центар Куманово;
- Медицински центар Прилеп;
- Медицински центар Битола;
- Медицински центар Струмица;
- Медицински центар Тетово;
- Медицински центар Гостивар;
- ЈЗО Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид;
Од интернационални партнери се:
- Otto Bock R. Germanija.
- Special Protectors Taiwan
- Comfort Taiwan
- Handycap International R. Francija
- Rubena R.Ceska
Менаџмент
- Горан Чалоски - Претседател на Управен одбор и Извршен директор;
- Др Павлина Темелковска - раководител на оддел за апликација
- Борче Стојков - шеф на комерцијална служба;
- Пецо Томоски - шеф на оддел за ортотика и протетика;
- Нада Жупаноска - шеф на сметководство;
- Биљана Дуковска - раководител на општи служби.